Минијатурна, но компактна студентска куќичка
Шведските архитекти од студиото „Tengbom Architects“ се занимаваат со проектирање станови за студенти. Нивниот најнов проект е малечка куќичка, со површина од 10 метри квадратни, направена од еколошки материјали.
Архитектите пронашле решение со кое во најмал возможен простор, ќе се зачува комфорот, функционалноста и енергијата. Компактното станче од дрво, има ниска цена на закуп, а не ја загадува околината.
На прв поглед куќата има сè што му е потребно на еден студент: кујна, дневна соба, купатило, простор за спиење, па дури и мрежеста лежалка за релаксирање. Станчето е моментално изложено во музеј, а во 2014 година ќе бидат изградени 22 вакви куќички во градовите Лунд и Вирсерум, и заинтересираните ќе можат да пробаат да живеат во ваквиот необичен простор.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.