Минијатурна цементна уметност
Инсталациите на уличниот уметник Исак Кордал се располсани насекаде низ Лондон, а се во форма на мали цементни фигури. Доколку не сте внимателни додека се движите на тротоарите во градот, возможно е да ги прегазите. Фигурите се дел од проектот наречен „Cement Eclipses“, кој разработува теми како што се анонимноста и напорната работа на градскиот живот.Кордал најпрво ги изработува фигурите од глина, а потоа прави повеќе копии од цемент употребувајќи силиконски калапи. Копиите потоа ги поставува на урбани локации, прицврстувајќи ги со супер силно лепило.
.
„Ова претставува еден вид метаморфоза во која човекот ја напушта својата улога како граѓанин, камуфлирајќи се во градот и пополека постанувајќи дел од мебелот. На овој начин се потврдува доброволната изолација на човечкото суштество во однос на природата, скриена помеѓу тротоарите, ѕидовите и улиците, притоа препуштајќи ù се на урбаната средина како негово природно живеалиште.“
————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.