Мини уметнички скулптури од ладен порцелан кои можете да ги направите дома

Мини уметнички скулптури од ладен порцелан кои можете да ги направите дома

Знаете ли дека можете да создавате свои мини уметнички дела и креации во вашиот дом без сите вообичаени и комплицирани уметнички материјали и вештини? Сѐ што ви е потребно е волја, креативност и добар фат. Освен што изгледаат како малечки ремек-дела кои ќе ги фасцинираат сите ваши пријатели и познаници, скулптурите изработени од ладен порцелан ниту се кршат, ниту се ронат.

Мини уметнички скулптури од ладен порцелан кои можете да ги направите дома

Ладниот порцелан е посебна мешавина која се добива од лепило, масло, глицерин и пченкарен скроб и била измислена од Аргентинците, при почетокот на минатиот век. Постојат многу начини да се подготви и дома, а најлесниот рецепт е наречен „мастика“.

Потребни состојки:
  • 400 грама сода бикарбона
  • 150 грама пченкарен скроб (можете да користите и скроб од компири, наместо пченка, но така смесата ќе има сивкаста боја)
  • 300 милилитри вода
Начин на подготовка:

Измешајте ги добро сите состојки додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја смесата во тава што ќе ја премачкате со слој од супстанца која го спречува лепењето на храната (во случајов смесата) на површината. Пуштете го шпоретот на тивок оган и мешајте ја додека содата не почне да прави пена и да формира грутки. Гответе ја пастата уште неколку минути и тргнете ја од оган кога ќе започне да се лепи на тавата и да формира една голема топка. Ставете ја на крпа и почекајте да се излади.

Откако ќе се излади започнете да ја месите како тесто. Имајте на ум дека смесата не треба да се лепи на прстите и дека тестото е спремно за користење само во оној момент кога доволно ќе се излади за да може да се обликува со раце. Немојте да чекате предолго за да се стврдне. Доколку сакате да подготвите порцелан во боја, тогаш може да употребите какви било бои освен темперни и прехранбени бои. Дури и вашиот кармин ќе функционира. Погледнете што сѐ можете да направите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар