Минатото и сегашноста на суперхероите преку нивните силуети
Оваа серија постери „Суперхерои – минато/сегашност“ е дело на калифорнискиот уметник Khoa Ho кој на еден оригинален начин успеал да ги прикаже почетоците на познатите ликови од стриповите, но и она во што се претвориле подоцна. Уметникот ги сместил нивните животни предизвици во одразот на силата којашто ја стекнале и херојот којшто го претставуваат „денес“.
Не е потребно да сте огромен фан на јунаците од стриповите да го препознаете значењето во сенките, всушност и оние кои виделе барем некој од филмовите точно ќе знаат за што станува збор. Лесно ќе го препознаете долниот дел од сликите кој укажува на минатото и сите проблеми со кои се избориле за да станат храбрите јунаци какви што ги знаеме.

Сиракот

Вонземјанецот

Бубалицата

Научникот

Генијалецот

Животното
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.