Миленичиња облечени како познатите фаци
Поради успешната продажба на честитки, шолји за млеко, маички, приврзоци за клуч, магнети за фрижидер, беџеви и други додатоци, веб-сајтот за подароци Takkoda, преку издавачката куќа TeNeues, почнал да продава и ѕидни календари со хумористични миленичиња, кои се обработени во Фотошоп, за да личат на познатите фаци.

Елвис Прeсли

Алберт Ајнштајн

Боб Марли
Takkoda бил стартуван од страна на два пара, кои поминувајќи го детството во рурална Англија развиле огромна љубов кон животните, гледајќи ги како суштества со карактер, а не како слатки нешта кои треба само да се галат.

Кети Пери

Ејми Вајнхаус
Тие фотографираат вистински животни во нивните домови, обидувајќи се да ги доловат нивните природни експресии на лицето, а потоа ги дотеруваат во Фотошоп, за да личат на Лејди Гага, Кети Пери, Елвис Прeсли и други.

Одри Хепберн

Ози Озборн

Лејди Гага
Големиот интерес на овие љубовни парови за животот на светските „ѕвезди“, во комбинација со нивната фантастична смисла за хумор, како и познавања од областа на дигиталната обработка на фотографии, ги создале овие нивни навистина прекрасни, уникатни ремек-дела, кои успеваат да го подигнат расположението.

Џин Симонс од групата „Кис“

Џими Хендрикс

Д-р Спок од „Ѕвездени патеки“

Џони Деп во „Пиратите од Карибите“

Г-дин Ти

Стиви Вондер

Борат и Винстон Черчил

Мајка Тереза и Бери Хамфрис во улога на Дејм Една Ивириџ

Доли Партон

Мајкл Џексон
Се сеќавате на првоаприлски маскираните кученца?
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.