Метаморфоза на женско лице во пеперутка
Оваа фотосерија насловена „Camouflage“ (Камуфлажа) од хамбуршкиот фотограф Карстен Вите, ја лови убавината на пеперутките на еден уникатен начин. Колоритните крилца на овие убави инсекти се проектирани во убавите лица на прекрасните моделки. Преку контрастот на овие две работи, фотографот создава еден вид метаморфозни маски, кои даваат поинакво гледиште на човековиот идентитет, со идеја за промена. Манипулацијата со сенките и светлината, го води набљудувачот да погледне директно во очите на девојките. Природната убавина на лицата на девојките, совршено се вклопува со комплексните детали на крилцата на пеперутките.
„Лицата и мистериозната чистота на убавите луѓе, отсекогаш ме фасцинирале“ – вели фотографот Карстен, зборувајќи за своите фотографии.
Тешко е да се процени како овие фотографии се направени. Дали е некаква проекција создадена со светлина, манипулација направена во Фотошоп или лицата се насликани со бои? Всушност намерата на Вите, е луѓето сами да ја решат загатката, додавајќи: „Секој треба сам да ја разреши мистеријата.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.