Претходно
Мапи на светот направени со парите од државите
Шведското дизајнерско студио „Bedow“ направиле една интересна мапа користејќи ги монетите кои се користат како платежно средство во државите. Според нивната пресметка потребни биле околу 3.000 монети за да се создаде оваа интересна мапа.Истовремено артистот The310Investigator создал мапа користејќи ги банкнотите на државите. Користејќи фото монтажа, тој успеал да ги исече банкнотите создавајќи голема колоритна сложувалка. За изработка му биле потребни околу 12 часа работа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.