Малку поинакви цртежи со молив
Неверојатно е што сѐ можат да направат уметниците, користејќи само лист хартија, молив, неколку предмети и храна. Таков е случајот со Виктор Нунис, кој серијата фотографии „Лица“ ја прави токму на тој начин и создава хумористични, интересни, уникатни дела кои нема да ве остават рамнодушни.
Нунис прво ги става предметите и храната на бел лист хартија и потоа црта околу нив. На тој начин шолјите од кафе стануваат очи, пуканките добиваат улога на глави, а крекерите се претвораат во прозорци, душек за кревет, женско здолниште и што уште не. Неговите цртежи се некомплетни без предметите кои ги користи, но затоа погледнати заедно тие се во скоро совршена хармонија со изразит елемент на хумор.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.