Малечок свет кој го собира во тегличка
Најубавите моменти во животот никогаш не траат долго, како што се релаксирачките мигови поминати на убава песочна плажа, страсното бакнување со вашиот љубен партнер на клупата во паркот на почетокот од вашата врска, нуркањето под вода меѓу водниот свет или посетата на вашиот омилен музеј во кој првпат во вашиот живот видовте скелет од диносаурус.
Јапонскиот артист и архитект Akinobu Izumi креирал еден педантно изработен паралелен свет, во минијатурен облик. Серијaта ја нарекол „A Tiny World in a Bottle“, а сцените од животот ги сместува во малечки теглички, кои дефинитивно ќе ве потсетат на тие кратки, совршени моменти кои никогаш нема да избледат од вашата меморија.
За нивната изработка тој прави минијатурни скулптури кои прецизно ги сече од парче хартија, користи малку плута и кога е потребно, во тегличката сипува течен парафин за да создаде ефект на пливање во вода. Потоа тој ги продава овие теглички како сувенирчиња на сајтот Etsy shop, а нивната цена се движи од околу 23 до 29 американски долари. Ако сакате може да ви стави и врвка, во боја по ваш избор. Досега има продадено 149 парчиња.
Знаете како велат: „Добрите работи доаѓаат во мали пакувања“. Додека повеќето од нас го поминуваат денот седејќи пред компјутер или гледајќи телевизија, овој токиец напорно работи на креирањето на еден паралелен универзум. Убаво погледнете низ стаклото и ќе забележите колку е едноставно да си ја визуелизирате сцената во реален формат.
Погледнете го животот низ призма на минијатури и преку креативните дела на Terada Mokei.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.