Мајстори за илузија: 10 идеи со огледала кои визуелно ќе го зголемат и разубават вашиот дом
5. Подвижно, ротирачко огледало
Ова огледало е одличен избор за на масичката за шминкање.
6. Привлечете внимание
Трикот кој сигурно ќе привлече погледи, а со тоа и сјајно ќе го „дуплира“ просторот, е гардеробер со врати од огледала, или маса целосно составена од огледало.
7. Како ефективен украс во просторијата
Доколку просторијата е поделена на повеќе мали целини, како на пример, трпезарија и дневна соба, тогаш дополнително ќе ја разиграте така што во секоја целина ќе се наоѓа огледало со различен облик. На пример, самостојно огледало, слично како сликарски триножник, ќе биде навистина ефективен украс во вашата просторија.
8. Разбијте ја белината
Во големата белина, драматичен контраст ќе дадат огледалата со масивни црни рамки.
9. Лизгачка врата или лизгачка врата од плакар
На тој начин огледалата ќе ѝ дадат на просторијата дополнителна „длабочина“.
10. Не размислувајте за огледалата само како плочести декорации
Туку обидете се да го разиграте просторот и со неочекувани предмети како што е диско топката со делчиња од огледало.