Мајка подготвува здрави оброци за својот син, во форма на ликови од цртаните филмови

Мајка подготвува здрави оброци за својот син, во форма на ликови од цртаните филмови

Бидејќи децата честопати знаат да бидат многу пребирливи кога станува збор за храната, особено овошјето и зеленчукот, ова може да биде многу тешка задача за родителите. Но, уметницата за храна, Лале Мохмеди, ова го претвора во нешто креативно.

Мајка подготвува здрави оброци за својот син, во форма на ликови од цртани филмови

Таа создава оброци за својот син, инспирирана од неговите омилени анимирани ликови. По фотографирањето на секое уметничко дело, Мохмеди го споделува истото на својот Инстаграм профил. Нејзиниот креативен занает ги воодушевува луѓето на Интернет и таа веќе има над 65.000 следбеници. Не е изненадувачко тоа што за подготовка на секој оброк е потребно повеќе време и трпение.

„Овој процес трае околу 25-30 минути, во зависност од ликот“, вели Мохмеди. „Ноќта претходно, Јакоб ми кажува каков лик сака. Кога ќе ми го каже ликот од книга или нешто што има видено, барам слика на Гугл и гледам какви бои се користени.“

Понекогаш, Мохмеди има среќа и создава креација без да ги промени природните нијанси на состојките. Друг пат пак, таа мора да импровизира, додавајќи бои од цвекло, некој сок и слично.

Мајка подготвува здрави оброци за својот син, во форма на ликови од цртани филмови

Од нејзината прва креација, палачинка во форма на лав, Мохмеди на овој процес гледа со љубов и останува мотивирана од ентузијазмот на нејзиниот син.

„Возбудата на Јакоб од првата креација што ја создадов па сѐ до овие денес, е иста.“

Погледнете како изгледаат нејзините креации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар