Мајка која прави фотографии од нејзиното летечко бебе
Родителите се горди на своите деца, без разлика на талентите и вештините кои тие ги покажуваат од мали нозе. Фотографката Рејчел Хулин изгледа дека открила неверојатен талент кај нејзиното бебе, кое може да лета, но само на нејзините фотографии. По сè изгледа, во овој бебешки талент голем удел имаат и вештините на мајката.Таа е прилично таинствена околу начинот на кој ги добива овие дела, стравувајќи дека тоа може да ја намали нивната магија. Сепак признава дека употребува малку Фотошоп, дека нејзиното бебе навистина се наоѓало на локациите каде е фотографирано, како и дека не го фрла во вис за да го фати во лет. Уф, какво олеснување. 🙂Креативни фотографии од своите деца прави и Џејсон Ли, а ако ви станаа интересни ваквите фотографии, обавезно потстете се на оние од Адел Енерсен направени во разни сцени додека нејзиното бебе спие.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.