Мајка и ќерка прават импресивни фотографии додека вежбаат јога
Лора Касперзак е мајка од Њу Џерси која вежба јога заедно со својата 4-годишна ќерка Мини. Овие нивни забавни заеднички моменти се овековечуваат во прекрасни фотографии. Лора брзо сфатила дека Мини сака да вежба јога, а интернетот полуде по нивните фотки на Инстаграм каде веќе имаат повеќе од 725.000 следачи.
Лора вежба јога веќе 17 години и исто така држи предавања и работилници за јога во Њу Џерси. Но, нејзината пасија за овој вид источна медитација и тренирање ѝ дошла откако ги родила двете деца, на кои исто така јогата им станала интересна. Бидејќи постариот брат на Мини се срами да позира пред камерата, неговата сестра е пресреќна да компензира и за него.
Овие интересни фотографии ни покажуваат дека вежбањето може да биде забавно. Што побрзо ги научите децата на здрав и забавен животен стил, толку подобро за нив.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.