Мајка го документирала растењето на син ѝ цели 17 години, а резултатот ќе ве воодушеви
Интернационално признатата фотографка Ани Ванг од Тајпеј, уште одамна сфатила дека воопшто не ѝ одговара стереотипната улога на мајката.
„Моите артистички стратегии се засновани на самоприкажување. Во светот на мајките каде што сè е сокриено, најдобриот начин да се искажете е преку стратегијата на самоприкажување. Јас, како жена и мајка, активно се обидував да се создадам себеси, наместо пасивно да бидат претставена од машки артист, како што е традицијата.“
Ани го гледа мајчинството како долго и комплексно патување кое не мора да биде само за жртвување и несебичност. Таа наоѓа паралела помеѓу мајчинството и нејзината работа како артист и создава нешто ново низ разните фази на постоење.
„Мајката е како уметник што ја завршува својата работа користејќи ја својата мудрост. Мајката не само што создава живот, туку создава постојана матрица на искуства помеѓу мајката и синот.“
Нејзиниот проект наречен „Мајката како креатор“ е обид да ја претстави фузијата на мајчинството и уметноста и преку него прикажала како се одвивало растењето на нејзиниот син.
„Овде секоја година правам семејна фотографија со мене и со син ми, а следната година се фотографираме пред претходната фотографија. Па разни слоеви од мене и од син ми се појавуваат на површината.“
Резултатите се неверојатни и восхитиле многу луѓе ширум светот. Денес нејзиниот син има 18 години и е горд што пораснал со уметноста на мајка му. Погледнете како изгледа крајниот резултат на нејзиниот долгогодишен проект.
2001: Денот пред да се породам
2002: Заедно фотографираме
2003: Ногата на син ми беше во гипс
2004: Прославување Божиќ
Продолжува на следната страница…