Магијата на блескавата снежна идила
За некои, зимата е најмагичниот период од годината, кога Дедо Мраз пристигнува и санкањето започнува, додека други сметаат дека тоа се само уште едни три месеци, поминати во чистење снег со лопата и мрзнење. Како и да е, оние кои „преживеале“ во најснежните делови од планетава и ја сакаат фотографијата, дефинитивно ја ценат зимата како уникатен период од годината, кога можат да се направат одлични фотки. Во споредба со останатите сезони, зимата е визуелно поразлична и помагична. Доколку знаете како да ја искористите рефлексијата на снегот, можете да си направите цела снежна фотографска колекција до крајот на зимата. Погледнете ја нашата селекција од прекрасни зимски пејзажи, кои се надеваме ќе ве инспирираат да ја засакате зимата, доколку не сте нејзин голем љубител. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.