Магична рефлексија во ситни капки вода
Макрофотографијата нуди големи можности за разубавување на предметите кои се пред нас и чекаат да бидат фотографирани. Кога оваа техника на фотографирање одблизу ќе се искомбинира со техниката на фотографирање капки вода, односно капки роса, се добива вистински магичен ефект.
Тајната е во поставување некаква позадина зад капката, која се рефлектира на неа, па кога ќе се направи фотографијата, изгледа како предметот да е замрзнат внатре во неа. Магично… Еве селекција на неколку прекрасни макрофотографии со капки вода од различни артисти во кои преовладуваат цветови замрзнати во минијатурни кружни водени форми:Ви се допаднаа овие фотографии? Погледнете ги и фотографиите на Брајан Валентајн во кои тој претставува разни предмети во капки вода, притоа користејќи списанија како подлога.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.