Магична прошетка низ облаците

Магична прошетка низ облаците

Креирана од јапонскиот артист Фуџико Накаја во 2011 година, „Cloud Parking“ е магична инсталација која им дава шанса на луѓето да чекорат низ облаците, односно низ густа магла. Овие вештачки облаци се лоцирани во Линз, Австралија, на кровот на една зграда каде што посетителите можат целосно да се предадат на магичното искуство.
Магична прошетка низ облацитеАртистот употребувал посебен систем за замаглување, служејќи се со пумпи под висок притисок и специјално дизајнирани млазници за магла. Некои надворешни фактори како што се состојбата со ветрот, температурата и релативната влажност во воздухот, одредуваат колку ќе биде густа маглата во дадениот момент.
Магична прошетка низ облаците

Една посетителка, за нејзиното прво искуство вели: „Колку е големо задоволството да исчезнеш на едно место, повторно да се појавиш малку понатаму и да си играш со оваа вештачка природа. Колку интензивно задоволство е кога стануваш хиперсензитивен на секој мал звук, кога си во таа трајна состојба на магла. Главата ти станува полесна бидејќи телото полека ти исчезнува, додека пак рацете постојано допираат за внимателно да го проучат невидливото и непознатото.“

Магична прошетка низ облаците (4) Магична прошетка низ облаците (5) Магична прошетка низ облаците Магична прошетка низ облаците (7) Магична прошетка низ облаците


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар