Магична ливада создадена од 5.000 божиќни сијалици
Музејот Холбурн во Бат, Англија дошол до една интересна идеја за празничните декорации за оваа година. Неговите сопственици го најмиле експертот за светлина, британскиот артист Брус Манроу, кој е „виновен“ за оваа волшебна инсталација т.н. „Field of Light“. Овој прекрасен светлосен лавиринт е сочинет од 5.000 светилки, „засадени“ во земјиштето на музејот, на 26 ноември по повод божиќните празници. Дршките им се изработени од акрилни влакна, а над нив има кугли со мат ефект, низ кои се протнати оптички влакна, осветлени од проектор на кој му се менуваат боите.Семето за инспирацијата на Брус за оваа уметничка инсталација, било засадено некаде пред околу 20 години, кога тој бил на пат во Австралија. Тој бил заслепен од начинот на кој голите пустини се расцветуваат после еден дожд. Испровоциран од ваквата природна појава, тој решил сијаличките да бидат исклучени во текот на денот, исто како што во пустините ништо не се случува кога нема дожд, а кога ќе падне ноќ, тие да расцутат во различна боја на светлина и да го занемат секој кој ќе помине во близина.Сличен ваков проект на Брус е и „Forest of Light“, кој го инсталирал во градините Лонгвуд во Пенсилванија, САД минатово лето. За оваа инсталација тој употребил 20.000 светлечки стебленца, распослани покрај пат долг 1км, кој води кон градините. Под дршките исто така има оптички влакна, а куглите се бистри и низ нив јасно се гледа влакното.Во иднина очекуваме уште вакви фантастични инсталации од Брус Манроу, а во меѓувреме ќе си ги нахраниме очите со оваа волшебна светлина која ù дава нова димензија на природата.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Prekrasna gletka!!!!!
VOLSEBNO!