Луксузно капење во романтично џакузи за двајца

Луксузно капење во романтично џакузи за двајца

Со денешниот брз начин на живот, заедничкото време поминато со партнерот станува сè подрагоцено. Поради тоа, германската компанија Trauywein дошла до многу креативна идеја да изработи када за љубовни парови, во облик на симболот на јинг и јанг. Капењето во оваа када не само што овозможува пријатен, релаксирачки разговор со вашиот партнер, туку и прави да се чувствувате како да сте на заеднички третман во велнес-центар.Луксузно капење во романтично џакузи за двајцаЛуксузно капење во романтично џакузи за двајцаЈинг-јанг кадата за парови им овозможува на партнерите луксузно капење, бидејќи прави и релаксирачка масажа со помош на звучни бранови и го ревитализира вашиот дух со помош на нежната светлина која ја „бои“ водата. Нежните вибрации се испраќаат директно во водата на џакузито, што значи дека луѓето се капат директно до звучникот. На овој начин, звучните бранови можат да се чујат и почувствуваат во секој дел од телото на капачот, а тоа е неверојатно искуство.Луксузно капење во романтично џакузи за двајца Луксузно капење во романтично џакузи за двајцаВо текот на капењето, двајцата капачи искусуваат две интензивни витализирачки енергии, кои ја подобруваат нивната добросостојба и релаксација. Капењето во оваа када не е воопшто слично на капењето во обичната домашна када и истава дефинитивно, ќе ги намами и мажите да уживаат во велнес-придобивките. Самиот јинг-јанг облик, пак потсетува дека спротивностите се привлекуваат.Луксузно капење во романтично џакузи за двајца Луксузно капење во романтично џакузи за двајца


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар