Луксузна колиба лоцирана во африканската дивина
Распослана на површина од 4.800 хектари земја во африканската дивина, оваа куќа во Јужна Африка е совршена за оние кои сакаат луксуз, изолираност и приватност. Лоцирана во покраината Лимпопо во Јужноафриканската Република, во оваа пространа, ексклузивна викенд-куќа може истовремено да се сместат 26 гости, кои ќе ги послужува комплетен персонал, како и личен готвач, кој ќе се погрижи за да имаат пријатно и елитно искуство во текот на престојот.
Вилата располага со прекрасни камини и пространи зони за релаксација и социјализација, кои овозможуваат фантастична глетка кон дивата природа и набљудување на зајдисонцето. Земјените тонови и природниот декор застапен во ентериерот, исто така совршено се вклопуваат во околната природа.
Оваа вила наречена „Leobo Private Reserve“ е дел од „The Firefly Collection“. Тоа е колекција од голем број внимателно одбрани имоти, кои им гарантираат фантастичен престој на нивните гости, лоцирани на разни места ширум светот. Во текот на својот престој, гостите може да се забавуваат возејќи се на баги мотор со 4 тркала, јавање на коњи, летање со хеликоптер, стрелање на глинени гулаби, риболов, планински велосипедизам и друго.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.