Луксузен спа-центар на Алпите
Хотелот и спа-центар Лекран е сместен на Швајцарските Алпи во близина на ски-центарот Кран-Монтана. Неговата локација и стил им овозможуваат на гостите да уживаат во чистата спектакуларна природа додека се релаксираат во џакузи, додека се топлат крај каминот, се забавуваат во базените, или едноставно додека си лежат на креветот во својот апартман. Покрај тоа, тие можат да ги користат и сауната, спа-третманите, амамот или да ги пробаат вкусните специјалитети во ресторанот.
Сите 15 соби во Лекран носат имиња инспирирани од Алпите. Луксузно се уредени и имаат големи прозорци за бескрајно воодушевување на планинските врвови кои го окупираат хоризонтот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.