Луѓе кои ја имаат напуштено цивилизацијата за да живеат во дивината

Луѓе кои ја имаат напуштено цивилизацијата за да живеат во дивината

Автор: Сања Петровска

Дали некогаш сте посакале да се оддалечите од сѐ и да заминете некаде каде што никој нема да може да ве најде? Некаде далеку, каде сѐ што ќе ве опкружува ќе бидат мирисот и звуците на природата. Да бидете изолирани од цивилизација така што никој да не може да допре до вас, освен доколку и самиот не реши да го преземе истиот чекор.

Додека за некои тоа е само идеја, а за други краткотрајно решение за малку мир и релаксација, има и такви кои одбрале да водат ваков начин на живот. Францускиот фотограф Антоан Бруи не само што патувал и живеел цели три години со семејства кои одбрале да го живеат овој начин на живот, туку и направил неверојатни фотографии од нив.

1-lugje-koi-ja-imaat-napushteno-civilizacijata-za-da-zhiveat-vo-divinata-kafepauza.mk

Доволен е само еден поглед врз овие волшебни фотографии кои веднаш би ве натерале да се запрашате која е приказната која стои зад животот на овие семејства и што ги натерало да се одлучат на ваква промена. Францускиот фотограф решил да го открие ова, па во периодот од 2010 година до 2013 година ги следел на нивното патешествие. Без никаков план и конкретна дестинација, Антоан чекорел по заборавени патчиња низ планинските предели на Европа, по пат запознавајќи многу луѓе кои своеволно се одлучиле да го напуштат својот дом и да загазат во дивината. Притоа, тие станале голема инспирација за него, па тој добил шанса со својот фотоапарат да го прикаже животот кои тие сега го водат и слободата која ја имаат.

Во оваа серија фотографии, наречена Scrublands, што во буквален превод значи Земја која се состои од чистење на вегетација, Антоан ги овековечил лицата и домовите на луѓето кои ги запознал на тоа патување, притоа чувствувајќи го тој живот на своја кожа. Луѓе кои некогаш биле професори, доктори, инженери, сега успеваат да преживеат со минимумот кој може да го понуди природата, живеејќи во импровизирани куќи и посветувајќи се на агрикултурата како основно занимање. Овие луѓе го инспирирале Антоан, а преку неговите фотографии тој се погрижил тие да можат да инспирираат и други.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар