„Лудата“ архитектура на Сингапур и несекојдневните уживања во неа
Луда забава на врвот од казино-хотелот Марина Беј сендс во Сингапур. Додека дел од гостите пливаат во најголемиот надворешен базен на 57-от кат од хотелот, други скокаат со падобран од оваа височина. Што би одбрале вие? 🙂
Преку следното видео, погледнете како изгледа забавата на покривот од овој неверојатен казино-хотел, кој без сомнеж е најнеодоливиот туристички предизвик во Сингапур.
Оваа восхитувачка градба е дело на архитектот Моше Сафдие. Неговата најголема атракција е токму 150 метри долгиот базен, кој е изработен со посебен систем за циркулирање на водата. Таа се слева преку работ на зградата во специјално дизајниран простор, каде се филтрира, загрева и повторно се испумпува назад во базенот.
Покрај восхитувачкиот врв на хотел-казиното, тој се состои и од 2.560 соби и апартмани за гостите, музеј, театри, продавници, бутици, ланец ресторани… Погледнете уште неколку фотографии, како од надворешноста, така и од внатрешноста на ова чудо од хотел.
Казино-хотелот е отворен на средината од 2010 година. Инвестицијата е вредна околу осум милијарди долари.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.