Лондон во одразот на сопствената дождливост
Оние кои го посетиле Лондон добро знаат дека поради честите дождови, моментите на суво време во овој град се вистинска скапоценост. Кога врнежите ќе престанат, Гевин Хамонд, кој покрај многуте други таленти кои ги поседува, знае да прави и извонредни фотографии, излегува со фотоапаратот во рака и ја пронаоѓа убавината на својот роден град таму каде што најмалку може да се очекува.
Неговата црно-бела серија фотографии „Лондон во вирчиња“ ја доловува убавината на англиската метропола токму во вирчињата кои остануваат после дождот. Во нив се огледуваат дел од најпознатите симболи на Лондон, како Тауер Бриџ, Алберт Меморијал, Ројал Алберт Хол, и други.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.