Љубов во рамка: Интервју со @monkdolls и можност за подарок кој ќе ви го стопли срцето!
Едно креативно семејство и многу љубов пренесена преку автентични рамки. Откријте што ни раскажа Моника од @monkdolls и добијте можност за симпатичен подарок!
МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!
Ver esta publicación en Instagram
1. Можете ли да ни кажете малку за вашите „Monk dolls“ и што ве инспирираше да започнете да ги креаирате?
Во овој свет, малку ги имаме заборавено вистинските вредности на животот; колку е важна љубовта која треба да си ја даваме едни на други, што значи сплотено семејство и мирис на топол дом. Токму тоа беше наша најголема инспирација пред околу една година да почнеме да ги изработуваме овие рамки со дрвени фигури, откако самите вистински ја почуствувавме енергијата на нашата прва рамка од нашето мало семејство.
Рамката ја изработивме како декоративен елемент за собата на нашата ќерка Ира. Секое утро, кога ќе видевме колку е убаво да сме заедно, ни даваше спокој и убава енергија за целиот ден. Со душа чекавме да дојде на овој свет за да ја вдишеме таа огромна љубов. Си рековме: кога оваа рамка нас толку многу ни го стопли домот, зошто да не стоплиме и многу други домови?
Малите дрвени куклички – Peg dolls, се вид кукли кои потекнуваат од Val Gardena, област на Алпите и биле изработувани уште од 1850-та година. Дрвото и планините се нешто што нè врзува мене и сопругот, па тоа беше дополнителен мотив да создадеме нешто од овие куклички.
Ver esta publicación en Instagram
2. Раскажете ни за начинот на сечење, обликување, вклопување, спојување и за обработката на материјалите. Како изгледа вашето работно место?
Во нашиот дом создадовме едно мало катче каде што ги изработуваме рамките и фигурите и каде што секоја рамка добива сопствен лик. Секогаш кога работиме има тивка музика, сопругот е обожавател на силно кафе, а јас на какао со цимет. Тоа е нешто што прави уште повеќе да уживаме во работата. Рамките секогаш ги работиме во убава атмосфера бидејки сметам дека секоја ја носи енергијата со која се изработува. Секоја фигура ја изработуваме рачно. Дел од работата е машински, кој помага во обработката на дрвото. Фигурите ги боиме со трајна водоотпорна боја за да останат непроменети, а нијансите ги правиме сами.
Ver esta publicación en Instagram
3. Кој е најпредизвикувачкиот дел од оваа работа? Колку време ви одзема едно креативно дело?
Да се направи баланс помеѓу работата и родителството, во моментов е навистина голем предизвик за нас и ни треба огромна организација секој ден. Некогаш успеваме, некогаш не. На крајот на денот, кога ќе ја видиме нашата рамка полна среќа, добиваме огромен мотив за секој нареден ден. Создавањето на една персонализирана рамка е исто како создавање мелодија која треба да раскаже една приказна. Секоја е различна и секоја има свои ноти.
Најпредизвикувачкиот дел е тоа што само преку краткиот разговор или споделена фотографија, треба да оформиме слика за тие пријатели или тоа семејство и потоа да ја пренесеме во рамка. Тоа некогаш е навистина тешко. За изработка некогаш ни е потребен еден ден, некогаш еден месец. Сѐ е во зависност од моменталната инспирација, комплексноста и карактеристиките кои треба да ги носи таа рамка.
Ver esta publicación en Instagram
4. Што ве мотивира да продолжите во оние „не ми се прави ништо“ денови?
Најголема мативација се нашите задоволни купувачи и тоа што гледаме колку многу се цени нашиот труд. Навистина, бескрајно сме благодарни! Чистиот воздух, прошетките во природа и убава музика, се исто така нешта кои буквално нè рестартираат.
Ver esta publicación en Instagram
5. Кој е најдобриот совет што ви е даден во врска со вашиот бизнис?
Никогаш да не се откажеме од нашата цел, а тоа е да шириме љубов, бидејки за наше огромно задоволство, навистина успеваме во тоа.
Ver esta publicación en Instagram
6. Ако вашата креативна работа беше кафе, каков ќе беше вкусот?
Вкус на силно еспресо. Горко и мирисно. Те буди и ти дава енергија секој ден.
Ver esta publicación en Instagram