Литванска фотографка ги документира и најмалите промени на лицето кај жените кои станале мајки
Литванската фотографка Вајда во нејзиниот проект тврди дека жените се менуваат откако ќе се породат. За да ја изрази нејзината благодарност за сè што направиле жените, таа фотографирала 33 жени пред да се породат и откако го родиле нивното прво бебе, притоа ставајќи акцент на промените во очите.
Таа вели дека мајчинството е длабоко искуство исполнето со задоволство, болка, умор и љубов.
Кога жената ќе стане мајка таа навистина ја чувствува нејзината внатрешна енергија, интуицијата ѝ станува посилна, но и мудроста ѝ достигнува нови висини. Самата таа исто така доживеала промени. Вели дека пред да го роди првото дете, нејзината идеја за мајчинството била многу поразлична. Мора да се помине одреден пат за тоа да се доживее во целото негово значење и да се има храброст за да им верувате на сопствените одлуки.
Погледнете ги фотографиите од мајките пред и после раѓање на нивното прво дете и обидете се да ги забележите разликите!
Продолжува на втората страница…