Ликови од цртаните филмови врз лицата на луѓето кои патуваат накај работа
Додека патуваме за на работа користејќи јавен превоз, или слушаме музика или читаме книга или пак едноставно гледаме изгубено низ прозорецот и отсутно размислуваме за животот. Но овој артист, нашол многу интересен начин да си го поминува времето во воз.
October Jones како што е познат на Твитер Џо Бучер е илустратор кој додека се вози со воз, црта ликови од цртаните филмови на лепливи ливчиња и ги поставува пред главите на луѓето. Така ги фотографира и ги поставува на неговиот профил на Твитер. Резултатот се забавни трансформации на вистинските глави кои нè тераат да се запрашаме дали изразот на лицето на илустрацијата отсликува некакви емоции на личноста која ја покрива.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.