Лидери ли се, хипстери ли се?
Серијата илустрации наречена „Хипсторија“ е дело на израелскиот уметник Амит Шимони. Во неа се замислени најголемите светски лидери како хипстери.
Ова е израз на израелската култура која се обидува да ги прикаже лидерите тогаш и денес.
Шимони вели дека често размислува за разликите на големите светски лидери, за нивните верувања и овие нашите денеска.
„Јас често се наоѓам себеси како замислувам еден свет каде што некои од овие лидери се помалку заинтересирани да влијаат врз туѓите животи и повеќе се фокусираат на своите лични. Замислете го Ганди сиот обземен од својот изглед, а не од идејата за ослободување на Индија од британска власт? Или Абрахам Линколн во потрага по хип-бар, наместо заложба за укинување на ропството?“
Главната цел на Амит не е да го критикува или пак да определи која генерација е подобра, туку да ја предизвика перцепцијата на гледачите која ќе ги натера да размислат за себе.
„Намерата на ‘Хипсторија’ не лежи во изборот на подобра генерација, туку во истакнување на разликите, со сменета позиција на посматрање која треба да нè доведе до нова перспектива.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.