Летни, летни бубамаро, донеси ми гости
Дождливите денови можат да бидат навистина досадни, но замислете си како им е на бубамарите! Гледајќи низ призмата на шпанскиот фотограф Алехандро Ферер Руиз, дождот изгледа навистина прекрасно и магично. Макрофотографиите од овие малечки симпатични животинки, со дождовни капки распослани по нивниот грб, се истовремено фасцинантни и неверојатно симпатични.Со светкавите капки фиксирани за нивното тело, кои личат како никогаш да нема да се слизнат, бубамарките упорно продолжуваат да си го тераат нивниот ден, искачувајќи се по гранчиња и цветни ливчиња. Фотографот им дава интересен карактер на овие мали субјекти, кои на моменти изгледаат како да позираат за камерата. Токму тука се крие неговата тајна. Тој преферира да прави макрофотографии, а за својата работа вели: „Уживам во убавината која постои во минијатурните нешта“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.