Летни колоритни фотографии инспирирани од девојките во педесеттите
Ана Дијас е фотографка од Португалија чија работа е навистина уникатна. Нејзините фотографии се пластични, живи, разиграни и колоритни и на некој начин нè расположуваат создавајќи ни блага насмевка на лицата.
Летната фотосесија „Big Girls Don’t Cry“ (Големите девојки не плачат) е инспирирана од прекрасните пин-ап девојки од педесеттите, а амбиентот е изразито летен, весел и динамичен.
Ана дипломирала на Вишата школа за уметност во Порто, после што продолжила да предава сериграфија, литографија и копаничарство на истата институција. Прво почнала да се занимава со пластични уметности, што ја довело до фотографијата како омилена форма на уметничко изразување.
Карактеристиките со кои се одликуваат нејзините фотографии се колоритни сцени полни со живи, разиграни ликови со гламурозен и модерен стил. Нејзиниот стил е силно инспириран од поп културата и ни овозможува да го доживееме благиот еротизам на девојките од педесеттите години на минатиот век.
Овие фотографии нè потсетуваат дека природната убавина е вистинска и нè тера да уживаме во убавите искуства кои ни се случуваат.
Ана Дијас работи летни тематики и како дел од други фотосесии. Во истиот стил се и фотографиите од сесијата „Summer Valentine“ и „Big Girls By the Pool“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.