Летна романса со Брендон Бојд и неговата уметност

Летна романса со Брендон Бојд и неговата уметност

Во последно време нè преплавија мултиталентирани гении кои успеваат во кое било поле на уметноста и бизнисот коешто нивните каприци го посакуваат, иако сме свесни дека голем дел од тие продукти на музички, моден, уметнички или каков било план всушност не вредат ни малку.

Но, кога станува збор за вистински талентирани личности кои што буквално сè што ќе допрат го претвораат во уметност, тогаш навистина секоја критика е непотребна, останува само воодушевувањето. Особено кога станува збор за така добар микс од квалитетна музика и сликарство, а Брендон Бојд (Brandon Boyd) – фронтменот на Инкјубус (Incubus) е неверојатно талентиран и за двете. Летна романса со Брендон Бојд и неговата уметност На музички план бендот е особено плоден со 8 албуми зад себе, а во 2010 година Брендон Бојд го издаде и својот самостоен албум „Wild Trapeze“, но она што навистина ги воодушеви фановите беше неговата способност, освен во песните, да пренесе дел од емоциите и на платното. Така всушност и настана идејата за изложбата – Ектоплазма која секако беше проследена со неверојатен успех.

„Мојот креативен процес е истовремено комплексен и едноставен. Комплексноста настанува тогаш кога се трудам да го разберам она што всушност го правам. Исто како да се трудиш да го опишеш чувството на љубов, на крајот сфаќаш дека најдобро е сам да го доживееш. Но сето тоа станува едноставно кога се препуштам на процесот и не се прашувам премногу за она што го правам. Тогаш ù оставам сè на десната хемисфера.“

Летна романса со Брендон Бојд и неговата уметностЛетна романса со Брендон Бојд и неговата уметностЛетна романса со Брендон Бојд и неговата уметност Многумина сметаат дека неговите слики добија на популарност токму поради успехот на музички план, но самиот тоа често го одрекува, нагласувајќи дека црта и слика многу подолго од што се занимава со музика. Според Брендон, без разлика дали е тоа музиката, сликарството или пишувањето книги и стихови, неговиот животот во секој случај би бил посветен на креативноста, особено поради фактот дека неговите родители уште од мали нозе ги негувале и поттикнувале неговите таленти.

Често објаснува дека сите негови дела доаѓаат од едно место, од исти емоции и спротивно на тоа што другите го мислат, музиката и сликарството не се надополнуваат, туку тие за него се како молив и четка – техниката и процесот се различни, но на крајот сè се сведува на уметност. Музичарот е автор и на две книги, составени од негови цртежи, стихови, фотографии и мисли. Летна романса со Брендон Бојд и неговата уметностЛетна романса со Брендон Бојд и неговата уметност Како и нивната музика, така и сликањето на Брендон често има некоја позадинска порака. Голем дел од песните на Инкјубус се посветени токму на поттикнувањето на свеста кај младите и често повикуваат на акција: „A certain shade of green, tell me, is that what you need?“ (Сигурна нијанса на зелено, кажи ми, дали е тоа она што ти треба?) или  „I suggest we learn to love ourselves before it’s made illegal. When will we learn? When will we change?“ (Предлагам сите да научиме да се сакаме пред да стане нелегално. Кога ќе научиме? Кога ќе се смениме?). Слична порака Брендон всушност испраќа и преку еден од неговите најпознати мурали во галеријата Харли Спејс посветен на загаденоста на океаните. Низ целиот мурал, во вид на бранови посетителите можат да ја прочитаат пораката:

„Ние сме остров и дали поради среќа или несреќа, немаме каде на друго место да одиме. Ние сме прекрасен остров, но сме без насока и се движиме во погрешен правец. Барајте чиста енергија! Забранете пластика за една употреба! Штитете го нашиот остров и дадете им надеж на децата на нашите деца. Оставете го овој остров поубав од што го најдовте.“

Летна романса со Брендон Бојд и неговата уметностНа крајот, она што е важно е фактот дека уметничката душа секогаш наоѓа нови начини на изразување, а секој нареден обид е подобар од претходниот, токму поради желбата за создавање. Нам ни останува да само да уживаме.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

  1. Мarija Reply

    Секоја чест за статијава. Брендон Бојд заслужува да биде пофален, браво уште еднаш 🙂

Остави коментар