Летајте над прекрасната дива природа во Мексико
Регионот Ла Уастека Потосина во Мексико е еден од најубавите делови на светот. Инфраструктурно не е доволно развиен, но тоа има и добра страна затоа што неговата преубава природа останува таква каква што била отсекогаш, незагадена од често присуство на човекот. Во шумите на Ла Уастека Потосина има околу 2.000 различни видови флора и фауна, а податокот дека овде живеат и неколку племиња кои немаат контакт со остатокот од цивилизација говори за тоа колку е недопрен овој дел од светот.
Не постојат зборови со кои би можела да се опише таа убавина без од тоа да се направи клише, па затоа ќе оставиме да го погледнете видеото и сами да се уверите за што станува збор. Направено е од страна на студиото Постендфлај со помош на мултиротор, мала направа на далечинско управување која служи за снимање на инаку тешко пристапни објекти.
Уживајте!
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.