Лесно, брзо и едноставно: 10 начини да го освежите стариот бабин мебел
7. Доколку не сакате да се мешате во боењето на мебелот, неговата површина можете да ја обложите со украсна хартија.
8. За уште поразигран изглед, видливата позадина од некое парче мебел, на пример, полиците или креденецот, обложете ги со издржлив тапет кој поднесува влага, а рабовите на мебелот бојадисајте ги во некоја силна боја.
9. Постои еден потег, познат како „Абракадабра“, за прикривање на сите недостатоци на старите столици, фотелји и каучи. Станува збор за „нова облека“, односно текстилни навлаки со занимливи бои и дезени.
10. Понекогаш не се потребни никакви интервенции за мебелот, туку доволно е да го споите старото и новото или парчиња од различни стилски векови.