Култната песна „Imagine“ од Џон Ленон претставена преку забавни илустрации
Замислете свет во кој сите луѓе ќе бидат еднакви. Мексиканскиот уметник и музичар, Пабло Стенли, почнал да црта стрипови во 2012 година. Инспириран од емотивниот и мотивирачкиот текст на Џон Ленон, решил да ја илустрира оваа култната песна во стрип и уште посликовито да покаже колку прекрасен би можел да биде овој свет.

Замислете дека не постои рај

Лесно е ако се обидете. Под нас нема пекол, а над нас има само небо.

Замислете дека сите луѓе го живеат животот од ден за ден.

Замислете дека нема држави. Навистина не е тешко.

Ништо за што би убиле или умреле и… Исто така нема ни религии.

Замислете дека сите луѓе

Го живеат својот живот во мир…

Можете да кажете дека сум сонувач

Но, не сум единствениот.

Се надевам дека еден ден ќе ни се придружите.

И дека светот ќе живее како ЕДНО.