Кул архитектура: Куќа со скали наместо кров
Некои архитектонски чуда на денешницата навистина заслужуваат секаква и безусловна почит. Таква е и The Kaidannoie (Куќата со скали на кровот) направена од компанијата y+M design office.
Имено, куќата е уникатен примерок во Шимане, Јапонија и како што може да се види од галеријата подолу, покривот и е направен од скали коишто можат да се користат секојдневно. Отворениот простор помеѓу скалите е покриен со проѕирно стакло, така што ја штити куќата од дожд.
Мора да признаеме дека дизајнот на куќата не може да се сретне во секојдневниот живот. Се надеваме дека со ова, дополнително ви ја проширивме креативната мисла и фантазија.
Interesno nema sto