Куќата-виножито во Лондон
Како би изгледал еден дом кога би бил дизајниран од 6 годишно дете? Веројатно шарен, во многу бои, со голем кауч за играње и скокање, надополнет со тобоган за целосно пренесување на детската игра од паркот во дневната соба. Овој дом не е дизајниран од деца, но е креативен и автентичен исто како да е. Погледнете ја куќата-виножито во Лондон.
Куќата е самата по себе уметничко дело наменето за живеење. Секој агол е уникатен и открива некое магично искуство. Во главната соба има кружен кревет кој може да се ротира во позиција од која може да се гледа кон секое од огледалата или кон надворешниот прозорец. Од подот се отвора вратичка која води до тобоганот во дневната соба, каде што пак огромниот кауч со димензии 12 на 8 метри претставува мека платформа за играње, спиење и живеење.
Различните делови од куќата се обединуваат преку едно спирално скалиште во центарот. Оваа конструкција од плексиглас и челик градира низ целиот спектар од виножитото како што се издигнува нагоре кон куќата. На секој кат одредени бои се распределуваат низ просторот, влијаејќи на боите на подот кои создаваат визуелен ритам по вертикални оски. Сонцето се пробива низ стаклениот кров на врвот од куќата осветлувајќи ги скалите и давајќи им живот.
Ако влезете во оваа куќа, всушност влегувате во еден паралелен универзум полн со забава, бои, движење и сладострастие оставајќи го обичниот свет зад себе. Куќата има толку интересни елементи, што и на возрасен не би му здодеало постојано да се качува нагоре за да се спушта по тобоганот.
Куќата е проект на Ab Rogers Design и DA.Studio. Постои од февруари, 2009.
Погледнете го видеото за целосно доживување на ова волшебно место.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Preubavoooo <3<3