Куќа на висина од 4 метри во која би сакале да се телепортираме и да ја пречекаме пролетта
Љубителите на недопрената природа се чувствуваат одлично во нетипични сместувачки единици како куќи од дрвја. Тие им овозможуваат мир, тивко и непречено уживање во природата, но и поинаква перспектива на животот.
Куќата Лика во Хрватска е токму такво место. Сместена е во рамките на Паркот на природата Велебит помеѓу монументални дрвја на висина од четири метри. Таа е опремена за максимална удобност за секоја потреба. Наменета е за шест лица и вклучува две спални соби, дневна соба како и мала кујна и бања. Исто така постои и тераса со спектакуларен поглед на околината во која ќе уживате без разлика дали останувате овде во зима или во текот на летото.
Куќата Лика е одлична почетна точка за истражување на околината. Плитвичките езера, на пример, се оддалечени само еден час со автомобил. Во близина има и многу привлечни велосипедски и пешачки патеки.
Прочитајте и за оваа прекрасна колиба од која би сакале да ги гледаме првите снегулки.