Куче со неверојатно чувство за рамнотежа
Австралиското пастирско куче Џек поседува еден исклучителен и навистина нетипичен талент за куче. Шармантниот Џек обожава да ја презентира неговата извежбана способност да балансира речиси секаков предмет на неговата глава.Неговите сопственици, Џон Е. Доиг и неговата девојка, решиле да го споделат неговиот извонреден балансирачки акт на сајтот reddit, преку серија фотографии кои ги направиле и ги прикачиле на Imgur. Откако фотографиите од првиот сет привлекле големо внимание од публиката на интернет, тие продолжиле да комуницираат со коментаторите и прифатиле барања за различни предмети, кои Џек мирно би ги накупчал на неговата глава.Па така, Џек без никаков проблем може да балансира на главата неколку ролни тоалетна хартија, шише за вино, тавче, јајце, лаптоп, чајник и што ли уште не!? Џек дури успеал да го избалансира и ќебето на коешто обично се излежува. Се разбира, после секој добро завршен перформанс, сопствениците Џек го наградуваат со разни грицки и други награди.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.