Претходно
Крзнена табла за пораки
Португалскиот дизајнер Gonçalo Campos креираше табла за пораки од вештачко крзно. На оваа табла може да се оставаат пораки, да се нацрта нешто уникатно или само да се помине со прстите низ крзното, на тој начин создавајќи некаква своевидна уметност. Ова е одлична идеја која, ако сте вешти, можете и самите да ја реализирате во домашни услови.