Кружни портрети нацртани без подигање на пенкалото
Хуи Чонг Чан е неверојатен артист, илустратор и фотограф. Благодарение на неговата несекојдневна техника, тој успеал да ги воодушеви во компанијата „Faber Castell“, еден од најголемите светски производители на пенкала, моливи и друг канцелариски прибор, по што веднаш бил повикан да сними реклама за нивните најнови пенкала. Неговите портрети се нацртани во концентрични кругови кои почнуваат да се шират од центарот. Тој вешто манипулира со пенкалото, точно знаејќи каде треба да притисне посилно за да го добие тоа што го сака. Најинтересното е тоа што при работата тој воопшто не ја крева раката од листот, што значи дека портретот е една голема извртена линија. Импресивно зарем не? Подолу погледнете го видеото на кое тој ја демонстрира својата извонредна техника.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Многу нормално. He is Asian.