Креативноста, фантазијата и наоѓањето радост во малите нешта претставени преку фотографиите на @vasilesk_a

Креативноста, фантазијата и наоѓањето радост во малите нешта претставени преку фотографиите на @vasilesk_a

Анита Николовски е забен техничар по професија и добро позната мајка на Инстаграм, чиј талент за фотографирање и креативност ѝ обезбеди голем број следбеници на оваа социјална мрежа. Прочитајте го разговорот со оваа популарна мајка која сподели и неколку корисни совети за жените кои се соочуваат со предизвиците на мајчинството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vasilesk_a on

1. Можеш ли да ни кажеш неколку зборови за себе и за твојот профил на Инстаграм – како сето тоа започна, со која цел, од каде се појави идејата?

Сопруга, мајка на еден „захтевен“ мамин син. Уште од мали нозе цртав цртежи, добивав награди, шиев, кроев, изработував ланчиња од глина и многу други работи. И мојата професија денес е поврзана со уметништвото – изработка на порцелански заби.

Идејата дојде сама по себе кога започнав да го сликам синот, меѓутоа обврските не ми дозволуваа да водам профил. Како што растеше тој, добивав пораки од многу мајки со содржина „фотографиите се инспиративни“. Така го почнав мојот профил чисто од забава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vasilesk_a on

2. Колку време и труд бара работата со твојот Инстаграм профил? Колку време отприлика ти одзема подготвувањето на еден пост/објава?

Времето додека го пијам утринско кафе е доволно за профилот; реализацијата бара доста труд и посветеност. Понекогаш синот знае и да не соработува, па така си имаме доста неуспешни фотосесии зачувани како спомени на кои ќе се смееме кога ќе порасне, а исто така имам и слики кои го чекаат вистинскиот момент за објава. Значи сето ова е за забава и инспирација, не смее да биде премногу нападно и вештачко и направено по секоја цена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vasilesk_a on

3. Децата се нервозни кога се пред камера. Како успеваш да ги реализираш сите идеи кои ги имаш замислено?

Големо е задоволство кога на крајот на денот ќе успееш со деца да реализираш некоја идеја. Чувството е исполнувачко и ми дава поттик за секоја наредна реализација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vasilesk_a on

4. Од каде црпиш инспирација за твоите креативни фотографии? Дали претходно ги смислуваш фотографиите или го земаш апаратот и сликаш?

Инспирација црпам од околината што ме опкружува, производите што ги користиме, играчки и слични работи. Таа доаѓа сама по себе. Најчесто моментот е најбитен, а идеите доаѓаат спонтано. Понекогаш планираното нема резултат, но спонтаната идеја инспирирана од некој момент има ефекти.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vasilesk_a on

5. Иако се многу слатки, децата се нетрпеливи. Дали можеш да ни споделиш неколку лесни трикови за поубави фотографии?

Да бидам искрена, нема трикови, сѐ е спонтано. Колку поспонтано, толку ќе бидат фотографиите поубави. Фотографирам низ забава и игра. Сега е поголем и повеќе сака да игра, а тоа значи и повеќе труд за една фотографија. Има денови кога воопшто не е расположен за пред камера и тогаш оставаме сѐ за некоја следна прилика кога ќе се спојат инспирацијата, идеите и неговата соработка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vasilesk_a on

6. Кафето за некого претставува вистински ритуал. Забележавме одлични фотографии од кафе, дали си љубител и кое е твоето омилено кафе?

Обожавам кафе и шолји за кафе, голем кафехолик сум. Макијато, капучино, турско и нес. Сепак, последните две се моите фаворити. Со добра шолја, кафето е вистинско задоволство. Имам доста шолји и од секое патување знам да си подарам нова, а од старите со DIY проект да им дадам нов лик.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vasilesk_a on

7. Да се биде родител значи почеток на нова авантура. Колку те промени мајчинството. Каков совет имаш за другите мајки?

Мојот свет се смени, стана магичен. Само со неколку ситници како неговата насмевка, првиот збор МАМА, првиот чекор… Овие моменти ќе ми бидат најдраги и најдрагоцени спомени. Мајки, бидете трпеливи и уживајте во секоја минута со најмилите, уловете ги моментите и преточете ги во спомени преку фотографии кои ќе останат. Во иднина ќе изнудуваат насмевки на сите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vasilesk_a on

Интервју: Ана Ќурчиевска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар