Креативно забавни животинки направени од храна

Креативно забавни животинки направени од храна

Бразилската фотографка Ванеса Дуалиб, има талент за едно поинакво доживување на храната којашто секојдневно ја консумираме. Во нејзиниот проект „Brincando Com a Comida“ (Играње со храна), таа претвора разни зеленчуци како компири и мешунки од грашок, во забавни креации со животински облик.

Креативно забавни животинки направени од хранаКреативно забавни животинки направени од храна

Дуалиб има елан за живот и таа вели дека нејзиниот проект претставува оддавање почит кон нејзините три омилени работи: животот, храната и фотографијата.

Креативно забавни животинки направени од храна

Комбинацијата од нејзината креативна визија, остро око и едноставна резбарска техника, дефинитивно ќе донесе насмевка на вашите лица.

Креативно забавни животинки направени од храна

Фотографката дури им дава и имиња на нејзините „животинки“. Па така, компировиот диносаурус се вика Apotatosaurus Dulcis, малиновата оса Waspberry, а осумножниот октопод Potatoctapus. На сите фотографии гледаме интелигентни скулптури, кои нѐ носат на кратко авантуристичко патување во веселата имагинација на Ванеса.

Креативно забавни животинки направени од хранаКреативно забавни животинки направени од хранаКреативно забавни животинки направени од хранаКреативно забавни животинки направени од хранаКреативно забавни животинки направени од хранаКреативно забавни животинки направени од хранаКреативно забавни животинки направени од хранаКреативно забавни животинки направени од хранаКреативно забавни животинки направени од хранаКреативно забавни животинки направени од хранаКреативно забавни животинки направени од храна


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар