Креативно дизајнирани вистини искажани од големи креативни умови
Овие постери се дело на веб-дизајнерката Ширли Ен Дик, а нејзината првична идеја била да дизајнира календар со инспиративни пораки. Проектот го нарекла „Креативни вистини“, а постерите се прекрасна комбинација од мудри мисли за уметноста и креативноста кажани од неколку познати поети, уметници и научници, и одличен дизајн.

„Уметноста не е она што го гледаш, туку она што ќе направиш другите да го видат.“ – Едгар Дега

„Секое дете е уметник. Проблемот е да останеш уметник кога ќе пораснеш.“ – Пабло Пикасо

„Не плаши се од совршенство. Никогаш нема да го достигнеш.“ – Салвадор Дали

“Тајната на креативноста е да знаеш да ги сокриеш своите извори.“ – Алберт Ајнштајн

“Креативноста е дрога без која не можам да живеам.“ – Сесил Б. Демил
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
zakon…:D