Креативниот календар на Кен Ло
Автор: Тања Илиевска
Новогодишните празнувања се зад нас, а она што од нив ќе ни остане, покрај спомените, веројатно е и рекламниот материјал во вид на пенкала, запалки и календари. Но, ваков календар сигурно не сме добиле. Ова е всушност еден нов формат, комбинација од календар и часовник, идеја на дизајнерот Кен Ло од Хонг Конг. Покрај тоа што го прикажува времето и тековниот месец, на него можат да се видат главните празници, како и да се прочитаат некои пораки и мисли за мотивација. Сè уште не се знае кога ќе почне да се произведува, но според поддршката, луѓето со задоволство би го купиле, ако цената е пристапна.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.