Креативни табуретки и други рачни изработки: Интервју со @sofka_dizajn (+ ПОДАРОК)

Креативни табуретки и други рачни изработки: Интервју со @sofka_dizajn (+ ПОДАРОК)

За да му додадете магија и удобност на вашиот дом, денес решивме да споделиме со вас едни интересни креации во кои сигурно ќе се вљубите на прв поглед. Уживајте во интервјуто со @sofka_dizajn, а не заборавајте и да го заследите нашиот профил на Инстаграм каде што ве очекува подарок!

МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de Кафе пауза (@kafepauza) el

1. Како се роди идејата за @sofka_dizajn? Кој стои зад овој уникатен бренд?

@sofka_dizajn е семејна и топла приказна, создавана со многу љубов и емоција. Идејата, напорната работа и посветеноста постои од многу одамна. Но, целата реализација како официјален проект се оствари токму оваа година и покрај сите предизвици. Љубовта кон рачните изработки ја наследив од мојата покојна мајка, па така одлучив нашиот бренд да го носи нејзиното име. Така @sofka_dizajn добива една непроценлива, семејна вредност. Позади целиот овој проект стојат една креативна мајка и уште покреативна ќерка.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de @sofka_dizajn el

2. Колку време ви одзема една креација? Освен табуретките, што друго изработувате?

Секоја креација одзема различно време за изработка, што зависи од деликатноста и големината. Пуф табуретките ги изработуваме од 2 до 3 дена и опфаќа еден цел процес од различни фази. Од избор на конец, до боја, шиење, полнење на внатрешноста, завршно шиење, па се до пакување за достава. Целиот процес бара многу посветеност и внимание. Но, едно е сигурно – секој производ го работиме со многу љубов. Тоа нашите клиенти го препознаваат и почитуваат, што е од огромно значење за нас. Покрај табуретките, изработуваме килими, декоративни подметнувачи, мини подметнувачи за кафе и женски ташни. Но, креативноста нема граници, па можеби наскоро ќе изненадиме и со нови рачни изработки. Затоа, топло ви препорачувам да ја следите нашата работа.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de @sofka_dizajn el

3. За каква сѐ намена може да се употребуваат табуретките? Во какви простори најдобро се вклопуваат?

Табуретките се декоративни, но може да се користат и за седење. Оние со најголеми димензии се користат и како масички за декорација. Може да се вклопат буквално во секоја просторија, од спална до дневна, па до тераса. Пуф табуретките се детаљ кој дава навистина посебна убавина и топлина во домот. Современите домаќинства секогаш бараат некоја автентичност што ќе му даде карактер на просторот – нешто што ќе донесе посебна свежина. Нашите рачно изработени пуф табуретки дефнитивно ја имаат таа магија и моќ.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de @sofka_dizajn el

4. Какви материјали користите за креациите? Имате ли омилено парче кое ви е особено драго што сте го изработиле?

За изработка користиме материјал кој е изработен од 90% памук. Тоа овозможува лесно чистење на табуретките, што од практичен аспект е многу значајно. Од истиот материјал се изработени и килимите за кој е дозволено и машинско перење на 30 степени. Секој производ си има своја приказна и во изработката на секоја креација вложуваме подеднакво емоција и љубов, затоа што секое парче е уникатно. Но, сепак, емотивно сме поврзани за првата изработена табуретка која беше направена многу одамна и сосема спонтано, за на крај да биде и наше „прво дете“. Од таму започна нашата успешна приказна.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de @sofka_dizajn el

5. Каква е заинтересираноста за вашите изработки? Дали луѓето купуваат? Имате ли планови за изработка и на други предмети од овој тип?

На наше огромно задоволство, можеме слободно да кажеме дека имаме голем број на клиенти и секој од нив за нас е многу значаен, бидејќи секоја нарачка и секој дом си има своја приказна. Така нашето семејство од ден на ден расте со нови пријатели, кои ни дозволуват со нашите производи да бидеме дел од нивното секојдневие. А ние сме многу горди на довербата која ни ја дава секој од клиентите, бидејќи со нашите изработки придонесуваме да разубавиме нечиј простор. За креативни идеи и новитети никогаш доста. Во план имаме неколку нови производи секако – рачна изработка, за кои се надеваме дека ќе ви се допаднат.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de @sofka_dizajn el

6. Каде можат да ве контактираат сите оние кои се заинтересирани за нарачки?

Сите заинтересирани може слободно да нè контактираат на нашиот Инстаграм профил @sofka_dizajn, каде ќе добијат подетални информации околу нашите производи и секако може да направат нарачка.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de @sofka_dizajn el

7. Подметнувачите за кафе кои ги креирате откриваат дека сте љубители на кафето. Кое е вашето омилено кафе и омилен дел од денот за кафе пауза?

Дефинитивно сме љубители на кафето. Уживаме во утринското црно кафе. Попладневната кафе пауза ни е омилен дел од денот. На здравје за уште многу топли, успешни и заеднички приказни!

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de @sofka_dizajn el


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар