Креативни модни илустрации направени од цветни листови

Креативни модни илустрации направени од цветни листови

22-годишната Грејс Чиао го трансформира традиционалниот моден цртеж во нешто сосема уникатно, креативно и досега невидено. Наместо да ги црта концептите на фустаните со моливи и водени бои, оваа артистка од Сингапур го гради фустанот со помош на вистински цветни листови. Разнобојните листови совршено се вклопуваат во илустрациите и создаваат нов тренд каде што дизајните се прекрасно поврзани со природата.

Креативни модни илустрации направени од цветни листови

Чиао вели дека ужива да работи со цвеќиња кои имаат повеќе нијанси на бои, а најмногу ги сака лилјаните и каранфилите. Таа објаснува:

„Тие ми помагаат да создадам дизајни на кои никогаш не би се сетила. Мислам дека цветните листови совршено одговорат со илустрациите бидејќи нивната деликатност и исклучителност ја имитираат онаа на меките материјали.“

Креативни модни илустрации направени од цветни листови



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар