Креативни фустани изработени од хартија
Фустаните изработени од фотографот Метју Броди и 3Д илустраторот Хети Њуман за мартовското издание на магазинот „Madame“ навистина го одземаат здивот и тоа не само затоа што се многу убави и исклучително креативни, туку бидејќи се направени од несекојдневен материјал – хартија.
Тие решиле заеднички да работат на поголем проект поврзан со модата, имале неколку идеи на ум и ги презентирале во редакцијата на „Madame“. Магазинот го одбрал проектот со фустаните и така започнало сè.
Овие креации навистина ја истакнуваат екстравагантноста и виталноста на овој навидум обичен, секојдневен материјал. Фустаните се беспрекорно изработени и ја презентираат креативноста и оригиналниот начин на размислување на тимот кој стои зад нивната изработка. Наместо да ја користат хартијата за нејзината секојдневна, досадна употреба, Броди и Њуман заедно со нивниот тим сочинет од неколку стилисти, успеале да создадат нешто уникатно, неочекувано и различно.
„Ние навистина сакавме да креираме нешто убаво, од материјал кој не е соодветен за да се прилагоди на обликот на човечкото тело. Целта ни беше да биде очигледно дека фустаните се изработени од хартија, но да не изгледаат како ѓубре.“ – објаснува Метју Броди.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.