Креативни декоративни идеи поради кои ќе ги засакате зимските венчавки

Креативни декоративни идеи поради кои ќе ги засакате зимските венчавки

Многумина ќе кажат дека нема ништо поубаво од пролетните венчавки, но сепак мораме да признаеме дека има нешто волшебно и посебно во текот на зимските месеци. Зимата е време кое добро ги поднесува тешките материјали, декадентите украси и потемните теми, па поради тоа актуелните венчавки може да изгледаат посебно привлечно.

Месеците во кои акцентот е ставен на затоплувањето со себе носат многу идеи. Кадифе, тартан, придушени нијанси, рустичен изглед, како и палета на кафеави, сини и металик нијанси и секако да не ја заборавиме класичната црвено-бела тема. Сите овие елементи совршено ќе се вклопат во зимската венчавка. На пример, доколку ви се допаѓа боемскиот стил, за време на зимата додајте металик елементи, со кои овој стил ќе добие доза на луксуз и ќе изгледа потопло. Во оваа тема добро ќе се вклопат и зелените и земјените тонови, и некои силни детали, најдобро во облик на цветови на масите.

2-idei-poradi-koi-kje-gi-zasakate-zimskite-venchavki-www.kafepauza.mk_

За вашата венчавка да добие рустичен изглед, треба да се користат дрвени елементи со зелени и црвени детали, а одлично ќе се вклопи и бар со топли зимски напивки, на пример топло чоколадо во кое секогаш можете да додадете малку рум. Оние што се грижат за природата сигурно ќе ја сакаат идејата за еколошки конфети кои најчесто се изработуваат од глутен и скроб, а може да се набават од Интернет.
3-idei-poradi-koi-kje-gi-zasakate-zimskite-venchavki-www.kafepauza.mk_

Ако сакате гламурозна, но и воедно минималистичка венчавка, тогаш во палетата со бои вклопете разигран сјај. Чаршафите направени од сјајни снегулки ќе изгледаат прекрасно во склоп на елегантниот централен аранжман и белите столици. Ако сте пак љубител на романтиката, заедно со нежно розовите нијанси комбинирајте бела боја, винтиџ порцелан, злато, свеќи и слатки ламби. Во продолжение ви споделуваме неколку идеи од Пинтерест што ќе ве натераат да се заљубите во зимските свадби.

4-idei-poradi-koi-kje-gi-zasakate-zimskite-venchavki-www.kafepauza.mk_ 5-idei-poradi-koi-kje-gi-zasakate-zimskite-venchavki-www.kafepauza.mk_

Продолжете на следната страница за останатите слики…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар