Креативна уметност во чинија
Хонг Ји е талентирана уметница и архитектка од Малезија која употребува секакви форми на предмети за да создаде фантастични портрети. Последен нејзин проект се уметничките дела направени од храна, кои таа ги изработувала секој ден.
„Мојата серија ‘Креативност со храна’ ми помогна да го достигнам лимитот на мојата креативност, бидејќи ме принуди да смислувам нови дизајни секој ден. Ме научи да не бидам премногу сериозна во тоа што го работам, но и да посветувам внимание на детали и да научам да работам во границите на многу мал простор. Научив да сечкам, варам, готвам… кој би помислил дека тоа ќе ми биде потребно за мојата уметност.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.