Креативна уметница исцртува надреални оптички илузии на своите раце
Лиша Симсон е артистка во подем која веќе година дена работи како сликар на тело и лице. За нејзиниот нов проект, таа одлучила да ги искористи своите раце како платно за сликање за да направи надреални оптички илузии. Во некои од дизајните, Лиша внимателно ги пропорционира илустрациите да изгледаат како да излегуваат од нејзината дланка, терајќи ги гледачите да помислат дека држи вистински 3Д објекти – од минијатурни книги до хартиени фигури.
Лиша визуелно „резба“ делови од своите екстремитети, боејќи одредени сегменти во црна боја кои исчезнуваат во црните позадини. Она што останува се светликави медузи, сјајни грамофони и други надреални сцени кои повеќе изгледаат како да се насликани на хартија или платно, отколку на рацете.
Иако сегмент од нејзината работа е женствен, разигран и колоритен, дел од нив се и малку страшни и темни. Во секој случај, финалниот резултат е инвентивен и вешт пристап до трансформацијата на телото.